Вести

  • |

МИА, 11.06.2010


Пробен лет на „МАТ Ервејс“ на релацијата Белград - Скопје


Скопје, 10 јуни 2010 (МИА) - Новоформираната авиокомпанија во Македонија „МАТ Ервејс“ денеска реализира пробен лет на релацијата Белград - Скопје. Нејзиното раководство очекува во наредните два дена да добие дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

По пробниот лет кој е најдобар доказ за доверливоста и безбедноста на нашата компанија очекуваме и Агенцијата за цивилно воздухопловство да ја одобри дозволата со која компанијата официјално ќе почне со работа, соопшти раководството на „МАТ Ервејс“.

Авиокомпанијата моментно располага со еден воздухоплов од типот Боинг 737 500, а во наредниот период ќе набави уште авиони и ќе вработи воздухопловен кадар, најави Дарко Милачиќ, сопственик на компанијата Метрополитан Инвестмен груп, која заедно со туристичката агенција Кон тики травел се основачи на „МАТ Ервејс“.лв/дма/16:07

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika