Вести

  • |

МИА, 24.06.2010


Седуммина мртви при уривање на авион во Квебек


Квебек, 23 јуни 2010 (МИА) - Седум лица денеска загинаа кога авион двомоторец се урна во еден двор од резиденцијален кварт во Квебек.

Портпаролот на полицијата Франсоа Бушар изјави дека загинаа сите седум патници во авионот, што се урна на два километри од аеродромот и на 100-тина метри од една населена зграда, јавија американските медиуми.

Официјални лица изјавија дека нема да го објавуваат идентитетот на загинатите се додека за несреќата не бидат информирани нивните семејства. Пилотот на двомоторецот „Бичкрафт ерплејн“ пред несреќата се јавил во контролната кула заради проблеми на моторот. Авионот бил сопственост на компанијата „Аеропро“, која организира рекреативни и бизнис чартер летови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika