Вести

  • |

МИА, 18.06.2010


Службеници од американска авиокомпанија открија пратка со десетици човечки глави


Чикаго, 18 јуни 2010 (МИА) - Властите во американската држава Арканзас почнаа со истрага за случајот со пратката од 40 до 60 човечки глави, јавија американските медиуми. Главите во минатата недела биле ставени во три одделни контејнера. Пратката била откриена во Литл Рок од службеници на авиокомпанијата Саутвест ерлајнс кои забележале дека товарот не бил означен како што треба. Се установило дека главите биле подготвени за превоз во објект на компанијата за медицински технологии Медтроник во Форт Ворт во Тексас. Биле наменети за обука на неврохирурзи. Медтроник соопшти дека не е невообичаено човечки глави за научни цели да се транспортираат со трговски летови. Според полицијата, ќе се врши истрага за да се докаже дека не станува збор за шверц со човечки органи. зш/7:29

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika