Вести

  • |

Нова Македонија, 04.06.2010


Српски воен авион се урна во езеро


Авион на српското воено воздухопловство, од типот „орел“, вчера се урнал во Гружанско Езеро, за време на тренинг-лет. Пилотот успеал да се катапултира и бил пренесен на Воено-медицинската академија во Белград, пренесува „Блиц“

Српските власти соопштија дека авионот, заедно со уште три летала,
учествувал во тренинг-лет, како дел од подготовките за утрешниот
аеромитинг. На враќање кон воениот аеродром во Лаѓевци, пилотот пријавил
технички дефект на авионот, по што добил наредба да го насочи кон
Гружанско Езеро и да се катапултира.

Според „Блиц“, тоа е четврта несреќа на српското воено воздухопловство од 2006 година.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika