Вести

  • |

МИА, 16.06.2010


Туристички авион се урна близу училиште во Сиднеј


Сиднеј, 15 јуни 2010 (МИА) - Две лица загинаа во авионска несреќа откако мал туристички авион се урна на улица во Сиднеј. Авионот паднал крај училиште по што се запалил.

Пет луѓе кои биле во непосредна близина до местото на трагедијата добиле медицинска помош, а дел од очевидците се во шок, јавија локалните медиуми. Според полицијата жртвите се луѓе кои се превезувале со леталото. Не е оштетено ниту училиштето ниту околните згради.

Несреќата се случила во 8.10 часот по локално време пред отворањето на училиштето. зш/7:17

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika