Вести

  • |

МИА, 06.06.2010


Турски воени авиони бомбардираа бази на ПКК во северен Ирак


Анкара, 7 јуни 2010 (МИА) - Турски воени авиони бомбардираа бази на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, објави електронското издание не весникот „Хуриет“.

Според истиот извор, шест авиони ловци на турското Воено воздухопловство бомбардирале бази на ПКК на планината Халкурк, која се наоѓа во близина на тромеѓето меѓу Ирак, Иран и Турција.

Ирачката Патриотска унија на Курдистан на својата веб страна објави дека пред нападите на ловците, реонот го надлетувале два турски извиднички авиони. сп/19:18

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika