Вести

  • |

Алфа ТВ, 16.06.2010


Штрајк на пилотите во Шведска – откажани 500 летови


Речиси 500 летови се откажани денеска во Шведска поради штрајк на пилотите, што погоди околу 25.000 патници.Откажувањето на летовите, како што е соопштено од синдикалните извори, се однесува на меѓународните летови на шведските компании.

Летовите на странските компании се одвиваат без проблеми.Здружението на шведски пилоти со речиси 2.000 членови вчера повика на солидарен штрајк, откако регионалната компанија Авиа Ерлајнс најави отпуштање на 80 пилоти и најмување на слободни пилоти со договори на одредено време.

Пилотите на четирите регионални компании се во штрајк до 23 часот, а пилотите на останатите компании ја прекинаа работата до 13 часот.„Двата штрајка се случуваат истовремено.

Штрајкот што ги погодува сите шведски компании е штрајк на солидарност со пилотите штрајкувачи на регионалните линии“, изјави Гунар Мандахл, претседател на синдикатот СПФ.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika