Вести

  • |

МИА, 18.06.2010


Јужнокорејски борбен авион се урна за време на рутинска вежба


Сеул, 18 јуни 2010 (МИА) - Јужнокорејски борбен авион се урна за време на рутинска вежба во море во близина на југоисточниот брег на државата при што загинаа двајца пилоти. Причината за несреќата засега не е позната. Борбениот авион F-5F исчезнал само еден час откако ја напуштил крајбрежната база на 237 км. источно од Сеул. Јужнокорејските воздухопловни сили користат застарени суперсонични авиони F-5F од американско производство (1982-1986). Во март оваа година се урнаа два авиона од тој тип. зш/9:08

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika