Вести

  • |

МИА, 05.06.2010


MAT Ервејс: Во завршна фаза добивањето дозвола за летање, почеток со работа за неколку дена


Скопје, 5 јуни 2010 (МИА) - Новата македонска чартер авиокомпанија формирана со српски капитал „Мат Ервејс“ денеска соопшти оти е во завршна фаза обезбедувањето документација за добивање дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија и оти ќе почне да сообраќа за неколку дена.

Основачите на компанијата, најголемата српска туристичка агенција Кон Тики Травел и компанијата Метрополитен Инвестмент Груп, во соопштението истакнуваат дека АЦВ темелно, професионално и квалитетно ја врши својата работа и се надеваат наскоро да добијат дозвола за летање со која ќе почнат со работа за неколку дена. Од авиокомпанијата, која располага со сопствен авион од типот Боинг 737 - 500, информираат дека веќе организирале неколку летови за Охрид.

Според основачите на новата авиокомпанија, поранешната авиокомпанија МАТ, која е во стечај, нема никаква врска со МАТ Ервејс, ниту пак сопственикот на МАТ Златко Петровски има удел во сопственичката и управувачката структура на новоформираната компанија.

МАТ Ервејс размислува да го промени името за да нема поврзаност со поранешен МАТ, што, како што стои во соопштението, може да се одрази на работењето. - Името и логото на поранешната авиокомпанија ги сочувавме бидејќи сметаме дека е од национален интерес на Македонија и нејзините граѓани новата авиокомпанија да носи име кое е обележје на државата, но без оглед каква одлука ќе донесеме македонското знаме ќе биде симбол на чартер компанијата, се вели во соопштението.лв/14:42

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika