Вести

  • |

Утрински весник, 29.07.2010


Авионски трикови на Скопје и на Атина


Атина и Скопје си играат игра на нерви околу пристигнувањето на премиерот Никола Груевски во Атина за конференцијата на „Економист“. Една недела пред започнувањето на конференцијата, се' уште е неизвесно дали премиерот ќе добие дозвола за слетување на аеродромот во Атина со националниот авион.

Па, така, Груевски се' уште не се изјаснува дали ќе присуствува на конференцијата, а од грчкото МНР му возвраќаат, па не одговараат дали ќе му дадат дозвола да слета. Кој ќе попушти прв?Грчките медиуми веќе шпекулираат дека Груевски знае оти шансите да добие таква дозвола од Атина се мали, па чека до последен момент да направи спектакл, по негативната реакција од грчка страна.

Скопје повторно ги користи познатите „авионски трикови“ за слетување во Грција, коментира грчкиот весник „Етнос“. „Премиерот Груевски сака да дојде со државен авион што ќе ги има името и националните симболи на ’Република Македонија’, но е свесен дека нема да му биде дозволено тоа, така што Груевски најверојатно чека до последниот момент на одржување на семинарот ’драматично‘ да најави дека не му бил дозволен влез во Грција“, пишува весникот.

Грчкото МНР потврдува дека го добиле барањето од македонска страна, доставено од нашата Канцеларија за врски во Атина во петокот. Оттаму велат дека ќе одговорат на барањето „во соодветен момент“. Од друга страна, кај организаторите на конференцијата е потврдено присуството на премиерот на дебатната сесија на 29 април. (М.П.) #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika