Вести

  • |

МИА, 30.07.2010


„Боинг“ оствари помал профит


Чикаго, 29 јули 2010 (МИА) - Чистата добивка на американскиот производител на авиони „Боинг“ се намали во второто тромесечие годинава на 787 милиони долари или 1,06 долари по акција, од 998 милиони или 1,41 долар по акција, колку што изнесуваше во истиот период лани. И покрај тоа што деловните резултати на вториот по големина светски производител на авиони, по европскиот концерн „Ербас“, се послаби, остварената добивка во овој период е поголема од очекуваната, која аналитичарите ја прогнозираа на 1,01 долар по акција. Прометот на американската компанија од почетокот на април до крајот на јуни се намалил девет отсто, на 15,6 милијарди долари. Поради тоа прометот од продажбата на комерцијални авиони е намален 12 процента, на 7,4 милијарди долари, приходите од испораките на воени авиони се намалени осум отсто на осум милијарди долари, додека прометот на одделението „Боинг кепитал“ се намали за три проценти на 162 милиони долари. гс/10:31 ###

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika