Вести

  • |

МИА, 28.07.2010


Во Пакистан падна авион со 152 лица во него


Исламабад, 28 јули 2010 (МИА) - Пакистански авион со 152 луѓе во него денеска падна во близината на Исламабад, при лоши временски услови. Засега е откриено телото на еден загинат.

Авионот паднал на ридот Маргала на два километри од центарот на Исламабад. Авионот бил од типот „Ербас“, сопственост на приватната авиокомпанија „Ерблу“ и летал од Карачи за Исламабад. Во него имало 146 патници и шест членови на екипаж, соопшти претставник на Цивилната авијација.

Спасувачките екипи со помош на хеликоптери се обидуваат да стигнат до остатоците на авионот. Причината за несреќата се уште не е позната. Очевидец изјавил дека врнел силен дожд и авионот летал многу ниско. Од ридот Маргала се гледа голем облак густ чад, јавија локалните медиуми. јт/8:25 ###

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika