Вести

  • |

МИА , 28.07.2010


Германски товарен авион се урна во Саудиска Арабија (ДПЛ)


Ријад, 27 јули 2010 (МИА) - Две лица се повредени денеска кога товарен авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ се урна при слетување на аеродромот „Крал Халед“ во саудискиот глван град Ријад.

Како што соопштија локалните власти, двајцата повредени се германски джавјани, кои биле пилот и копилот на авионот од типот МД-11. Двајцата повредени се пренесени во болница, но засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Сателитската телевизија „Ал Арабија“ јави дека при слетувањето од авионот почнал да излегува црн чад, по што тој удрил во пистата, се поделил на два дела и се запалил. На местото на несреќата има неколку противпожарни возила кои го гаснат огнот во урнатиот авион. Авионот бил принуден да слета на помошната писта на аеродормот, бидејќи главната не била слободна. сп/13:08

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika