Вести

  • |

МИА , 11.07.2010


Голем пожар на аеродромот Хитроу, евакуирани 200 лица


Лондон, 9 јули 2010 (МИА) - На лондонскиот аеродром Хитроу избувна пожар, по што огнот брзо опфати едно од магацините кои се во сопственост на компанијата „Сервисер“. Од местото на инцидентот беа евакуирани 200 лица, главно работници од магацинот. Чадот од пламенот можеше да се види на растојание од 10 километри. Во гаснењето на огнот учествуваа 20 противпожарни екипи. Огнената стихија не влијаеше на полетувањето и слетувањето на авионите. гс/21:33

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika