Вести

  • |

Алфа ТВ, 27.07.2010


Грција остана без гориво


Штрајкот на грчките контролори лошо влијае на планот за летови на атинското небо, а поради протестите на возачите на камиони, бензинските станици останаа без гориво.

Во понеделникот 42 летови доцнеа, а контролорите го ограничија и бројот на летала кои влегуваат во грчкиот воздушен простор, пренесе Данас.хр.

Главниот работнички синдикат од почетокот на февруари одржа низа штрајкови против владините мерки за штедење и реформите кои владата ги договори со Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од кои Грција добија 110 милијарди евра помош.

Штрајкот го погоди и туристичкиот сектор – еден од главните фактори за развој на грчката економија.

Долги редови на возила можат да се забележат пред бензинските станици во повеќе градови на земјата каде возачите на камиони протестираат. Илјадници возачи во понеделникот ги наполнија резервоарите со гориво предвидувајќи недостаток на гориво. Kамионџиите се противат на реформите кои се усогласени со регулативите на ЕУ а чија цел е воведување на конкуренција во овој сектор.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika