Вести

  • |

МИА, 27.07.2010


Грчките контролори на летање го откажаа најавениот штрајк за сабота


Атина, 27 јули 2010 (МИА) - Грчките контролори на летање од сабота нема да штрајкуваат, како што претходно најавија, откако денеска постигнаа компромис во разговорите меѓу грчкото Министерство за инфраструктура, транспорт и врски и претставници на Здружението на контролори на летање, јавија грчките медиуми.

Двете страни постигнаа договор утре да ги продолжат преговорите за да разгледаат некои точки од нацрт законот, што владата претходно го објави. Грчките контролори на летање денеска, меѓутоа, го продолжија вчера почнатиот штрајк, со почитување на минималниот процес на работа, во знак на протест поради владините мерки на штедење.

Дводневниот штрајк на контролорите на летање вознемири илјадници туристи кои имаа намера авионски да дојдат на летување во Грција. Досегашниот штрајк на контролорите на летање, со почитување на минималниот процес на работа, наруши повеќе стотици летови, повеќе од десет летови беа откажани, а со доцнења се извршени над 300 летови, јавија грчките медиуми. Контролорите на летање бараат повеќе работни места и плаќање на прекувремената работа, а се противат на реформата на секторот на цивилната авијација. сд/8:16

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika