Вести

  • |

МИА, 08.07.2010


ЕУ забрани прелети на поголем број на авиони на „Иран Ер“


Брисел, 6 јули 2010 (МИА) - Европската унија ги засили ограничувањата за прелети над европското небо за авионите на иранската авиокомпанија „Иран Ер“.

Одлуката за забрана за поголемиот број на авиони на компанијата „Иран Ер“ беше донесена едногласно од членовите на Комисијата за воздушна безбедност „поради проблеми поврзани со безбедноста“, се наведува во соопштението на Европската комисија. Одлуката е донесена бидејќи „Иран Ер“ не ги почитува безбедносните мерки изгласани во март 2010 година. Иранската компанија ќе може да лета над Европа само со 23 авиони - 14 „Ербас А-300“, осум „Ербас А-310“ и еден „Боинг Б-737“, односно забранети се прелетите на „Ербас А-320“, на „Боинг Б-727“ и на „Боинг-747“ на „Иран Ер“. ЕУ на „црната листа“ ги стави и суринамската авиокомпанија „Блу винг ерлајн“, како и двете индонезиски авиокомпанија „Метро батавиа“ и „Индонезија ер ејжа“.

На црната листа се наоѓаат 282 авиокомпании од 21 држава - Ангола, Авганистан, Бенин, Габон, ДР Конго, Екваторијална Гвинеја, Замбија, Индонезија, Казахстан, Камбоџа, Киргистан, Либерија, Република Конго, Руанда, Сан Томе и Принсипи, Свазиленд, Сиера Леоне, Судан, Суринам, Филипини и Џибути. ми/15:03

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika