Вести

  • |

Нетпрес, 20.07.2010


Кабул: Дипломатските авиони пренасочени поради екстремистички напади


Поради засилени ракетни напади на екстремистички групи во близина на аеродромот во Кабул, каде денеска почна Меѓународната донаторска конференција, авионите на Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и шефовите на шведската и данска дипломатија не можеле да слетаат по што биле пренасочени во друг правец, пренесуваат светските агенции.

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, утрово на својот блог објавил дека поради нападите тој и неговите соработници како и Бан Ки Мун, биле принудени да слетаат во американската база во Баграм, а оттаму со воен хеликоптер биле префрлени во Кабул, со цел да присуствуваат на отворањето на меѓународната конференција.

Авионот на данската делегација, исто така бил принуден да се пренасочи и слета во Алмата во Казахистан и се уште чека дозвола за полетување и слетување на аеродромот во Кабул, за да министерот за надворешни работи на Данска, Лене Есперсен прсуствува на последниот дел од денешната конференција, соопштиле од нејзиниот кабинет, пренесуваат новинските агенции Во ракетните напади, како што потврдуваат официјални лица од Авганистан, нема жртви.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika