Вести

  • |

Нова Македонија, 30.07.2010


КФОР ни предаде објекти на Петровец


Три објекти на воениот аеродром „Страшо Пинџур“ на Петровец што досега ги користеше КФОР за авионско набљудување и за други потреби, од вчера му се предадени на Министерството за одбрана
Министерот Зоран Коњановски ги прими клучевите од генерал-полковник
Маркус Бентлер, командантот на КФОР, а на церемонијата присуствуваа и
министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и високиот воен
претставник на НАТО, бригадниот генерал Давид Хумар. 

Косово е сега стабилен регион. Но операциите за авионско набљудување
од југот кон северот во изминативе години ни обезбедуваа значајни
капацитети за увид и можности за реагирање во итни ситуации - оцени
генералот Бентлер.

Коњановски потсети на соработката со партнерите од НАТО, пред сé на
нашето учество во мировните мисии, но не можеше да прецизира за што ќе
се користат предадените објекти.

- Овие се клучеви на соработка, со кои ги отвораме нашите визии кон
Алијансата. Во Министерството за одбрана ќе се развиваат проекти со кои
ќе можат да се искористат и предадените објекти - нагласи Коњановски.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika