Вести

  • |

Нетпрес, 11.07.2010


Лажна дојава за бомба во авионот “Ер Франс“


Патнички авион на “Ер Франс“ принудно слетал на североистокот од Бразил по дојавата дека во леталото се наоѓа бомба, за која подоцна се утврдило дека е лажна.

405 патници и 18 членови на екипажот биле безбедно евакуирани од летот 443, на линијата Рио де Жанеро – Париз, јавува Франс Прес.Портпаролот на “Ер Франс“ во Бразил изјавил дека женски глас го известил меѓународниот аеродром во Рио за поставената бомба околу 30 минути по полетувањето.

Авионот бил на ист правец како и авионот, исто така на “Ер Франс“, кој во јуни минатата година се сруши на североистокот на Бразил, при што загинаа сите 228 патници и членови на екипажот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika