Вести

  • |

Нетпрес, 06.07.2010


Македонската “Мат ервејз“ со прв чартер лет


Новоформираната македонска авио компанија “Мат ервејз“, во сопственост на фирми од Србија, вчера го имала својот прв официјален лет на линија Белград – Крф, пренесува српски “Блиц“. Компанијата ја формирала Метрополитен инвестмент група инвеститори на Дарко Милачиќ.

Како стратешки партнер се јавува туристичката агенција “Контики травел“, рекла за агенцијата “Бета“ портпаролот на “Мат ервејз“, Даниела Пушара. Првиот чартер лет бил со авионот “боинг 737 500“ со капацитет од 120 седишта.

Пушара истакнала дека авио компанијата пред месец дена добила дозвола од македонските воздухопловни власти. Како што објавува “Блиц“, еден од инвеститорите Дарко Милачиќ изјавил дека авионот на компанијата од Србија ќе лета под ознака на Авиогенекс. “Компанијата Мат ервејз ќе извршува чартер летови за Контики од Белград, а во фаза на подготовка се и програми за македонските патници со поаѓања од Скопје, кои треба да почнат од август.“, најавил Милачиќ.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika