Вести

  • |

МРТ, 21.07.2010


Нарачката на нови авиони ја надмина сумата од 20 милијарди долари


Лизинг компанијата „Аволон“, соопшти дека порачала 12 авиони од типот Боинг 737-8 во вредност од 921 милиони долари. Со ова вредноста на сите досега потпишани договори за продажба на летала на светскиот производител, на аеромитингот што оваа недела се одржува во Фарнбороу, ја надмина сумата од 20 милијарди долари, пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на побарувачката на нови авиони, на најголемата смотра на авиони на светот во Фарнбороу, влева надеж дека авио-индустријата „испливува“ од длабоката двегодишна криза, истакнуваат експертите. Со посебен договор луксузниот авиопревозник „Вистаџет“ направи нарачка на нови шест авиони од канадскиот производител „Бомбардие“ во вредност од 277 милиони долари. Старите ривали „Боинг“ и „Ербас“ објавија нарачка во вредност од околу 18 милијарди долари.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika