Вести

  • |

Нова Македонија, 30.07.2010


НАСА отпушта над 1.300 вработени


Над 1.300 соработници на Американската вселенска агенција (НАСА), вработени во програмата за пилотирани вселенски летови, ќе бидат отпуштени, поради завршувањето на програмата „Спејс шатл“
- Соработниците веќе неколку години знаеја дека програмата „Спејс шатл“
треба да заврши, но отпуштањето секогаш е сложен момент за оние за кои
се однесува - изјави Кари Флугел, претставник на компанијата „Јунајтед
спејс алајанс“, која се грижи за експлоатацијата на шатловите.

Администрацијата на претседателот Барак Обама одлучи да ја прекине програмата на шатловите што ќе бидат заменети со нови вселенски бродови, создадени од приватни компании. НАСА планира да изврши уште два последни лета на шатловите, кои се очекува да полетаат најдоцна до февруари 2011 година.

Американските шатлови летаат во вселената од 1981 година и во
речиси 30-годишната историја на програмата „Спејс шатл“ беа изведени
132 мисии, јави МИА.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika