Вести

  • |

МИА , 01.07.2010


Наскоро масовно производство на летечки автомобили


Вашингтон, 30 јуни 2010 (МИА) - „Terafugia Transition“, летало, кое брзо може да се трансформира во автомобил, доби дозвола за масовно производство од страна на Американската сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА). Возилото е дизајнирано како „лесно спортско летало“, најмал вид на цивилен авион според класификацијата на ФАА.

Иако поради дополнителните воздушни перничиња и другите безбедносни делови, кои се потребни за теренските возила, тежината на леталото за 54 килограми ја надминува дозволената граница од 600 килограми, ФАА го одобри неговото производство како исклучок. Terrafugia Transition е двосед, кој со собрани крила може да се вози по пат и притоа да потроши четири литри гориво на 50 километри.

Кога ќе се најде на писта возилото со леснотија може да ги рашири крилата, да го придвижи пропелерот, кој се наоѓа на задната страна и да полета. Се очекува малопродажната цена на овие возила да изнесува 194 илјади долари. ац/16:05

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika