Вести

  • |

МРТ, 28.07.2010


Најмалку осум преживеани во авионската несреќа во Пакистан


Пакистанските спасувачки служби пронашле осум преживеани лица по падот на патничкиот авион на компанијата „Ер блу“, што во среда наутро се урна во близина на Исламабад, пренесува телевизијата Dawn News. Според неофицијални податоци, бројот на преживеани може да достигне над 40 патници. Во авионот, кој се обраќал на линијата Карачи – Исламабад, патувале вкупно 146 патници и шест членови на екипажот. Според очевидци, на местото на инцидентот се издигнува густ облак од чад. Првичните информации говорат дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Исламабад при лоши временски услови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika