Вести

  • |

Нова Македонија, 30.07.2010


Невремето и пилотот виновни за падот на пакистанскиот авион


Лошите временски услови околу околу Исламабад и заморот на пилотот се
наведуваат како најверојатни причини за уривањето на „ербасот 321“
Лошите временски услови, проследени со силна бура, и заморот на пилотот
се најверојатната причина за уривањето на пакистанскиот авион „ербас
321“ во близината на Исламабад, во кој загинаа сите 146 патници и
шестте члена на екипажот, соопштија пакистанските власти.

Очевидци на несреќата изјавиле дека авионот, во сопственост на компанијата „Ерблу“, летал прениско, а претседателот на пакистанското здружение на пилоти Сохаил Балох изјавил дека леталото скршнало од курсот поради лошите временски услови. Според него, и заморот на пилотот најверојатно е причина за несреќата.

- Причина за уривањето можеби е и заморот на пилотот, бидејќи на членовите на екипажот не им било овозможено доволно да се одморат - нагласил Балох.
Пакистанските медиуми пренесуваат дека поради преоптовареност на аеродромот во Исламабад и лошите временски услови, контролорите ги замолиле пилотите на авионот да направи уште еден круг над пакистанската престолнина и дури тогаш да слета. Пилотите не успеале да го изведат тој маневар и почнале предвремено да се спуштаат, по што со голема брзина удриле во ридот над Исламабад.

Како што пренесува АФП, авионот имал 34.000 часа летање, извршувајќи околу 13.500 лета, а „Ерблу“ во 2006 година го изнајмила од европската компанија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika