Вести

  • |

МИА , 29.07.2010


Нема преживеани во авионската несреќа крај Исламабад, потврди пакистанскиот министер за внатрешни работи


Исламабад, 28 јули 2010 (МИА) - Сите 152 лица кои биле во авионот што се урна денеска крај Исламабад се загинати, изјави министерот за внатрешни работи на Пакистан Рехман Малик.

Во авионската несреќа во која се урна Ербас 321 двајца од жртвите се Американци, изјави портпарол на Амбасадата на САД во Исламабад. Авионот, со 146 патници и шестмина членови на екипажот, во 4,43 часот по локално време го загубил контактот со контролорите на летање на меѓународниот аеродром во Исламабад.

Ербасот А321 на приватната авиокомпанија Ер Блу, летал од Карачи за пакистанскиот главен град. зш/13:40

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika