Вести

  • |

15.07.2010


Нов генерален штрајк во Грција


Атина, 15 јули 2010 (МИА) - Летовите од и за Грција денеска ќе бидат откажани четири часа заради штрајк на контролорите на летање, кои се придодаваат кон генералниот штрајк во земјата против реформата во работните односи, пренесоа агенциите.

Од 11 до 15 часот денеска ќе бидат запрени сите внатрешни и меѓународни летови, бидејќи контролорите на летање ќе учествуваат во нивниот протест, со барање да ги добијат неисплатените плати. За денеска планираниот генерален штрајк е седмиот голем протест, откако официјална Атина ги соопшти строгите мерки за штедење за надминување на кризата заради огромниот буџетски дефицит.

Реформите се дел од мерките, преземени во договорениот план за спасување со ЕУ и ММФ во вкупна вредност од 110 милијарди евра. Денеска се очекува парламентот да ги одобри измените во регулативата за пензионирање на државните службеници, а илјадници Грци ќе излезат на улиците на протестни митинзи во Атина и Солун.

Минатата недела пратениците го прифатија спорниот закон за пензиска реформа, што предвидува зголемување од 60 на 65 години на возраста за пензионирање на жените, со што таа се израмнува со возраста на мажите, како и зголемување од 35-37 на 40 години на осигурителниот стаж за добивање на полна пензија. сд/7:37

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika