Вести

  • |

МИА , 02.07.2010


Одново бомбардирани позиции на ПКК во Северен Ирак


Анкара, 2 јули 2010 (МИА) - Турски воени авиони вчера повторно нападнале позиции на курдски бунтовници во Северен Ирак, објави Милиет. Авионите бомбардирале камп на ПКК во планината Кандил каде се смета дека е центарот на раководството на терористичката организација која од 1984 годинаводи вооружена борба против централната власт во Анкара со барање за автономска држава.

Според турски медиуми, авионите бомбардирале и камп на ПКК во Ханаре што се наоѓа на границата со Иран. Во југоисточните делови од државата до границата со Ирак се распоредени поголеми армиски единици. Артилеријата речиси непрекинато бомбардира кампови на бунтовнциите кои се во близина до границата, на ирачка територија. Засега нема официјално соопштение за бројот на убиените терористи. Турски војник и тројца владини селски чувари беа убиени вчера во судир со бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) во округот Сиирт, во југоисточна Турција.

Престрелката се случила во близина на селото Доган, во околина на градот Перварие. Селските чувари се претставници на локалната курдска милиција, која учествува во борбите против ПКК на страната на турската армија. ПКК, која од страна на Турција, САД и ЕУ е прогласена за терористичка организација, во последните неколку недели ги засили нападите и се закани со напади во сите турски градови. зш/10:55

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika