Вести

  • |

Утрински весник, 20.07.2010


Патници на „Скај вингс“ заглавени во Виена


Авион на компанијата „Скај вингс“ повторно имаше проблем и завчера не полета од Виена за Скопје, со 118 патници. Тие дури денеска, откако речиси три дена заглавиле на виенскиот аеродром, ќе пристигнат во Скопје. Авионот што сообраќал на редовна линија Виена - Скопје требало да полета завчера вечер, во 23 часот, но поради дефект на леталото, тоа не се случило. За оваа домашна авиокомпанија било нормално што се случувале вакви дефекти.

„Точно е, имавме технички проблем со авионот, дефектот е во батеријата на акумулаторот. Поголемиот дел од патниците се сместени во хотел на аеродромот, на сметка на компанијата, а оние што живеат во Виена се вратија дома.Авионот со сите патници ќе полета денеска. Имавме и пред извесно време проблем поради вратата на каргото, се доцнеше со полетување неколку часа.

Вакви работи се случуваат, и тоа е нормално, но нас безбедноста ни е на прво место. Кога доцнат нашите авиони веднаш се крева врева, а кога доцнат странските авиокомпании никому ништо. Еве завчера ’Свис ерлајнс“ место во Скопје, слета во Приштина и никој не реагираше“, изјавија вчера од „Скај вингс“. Инаку, патниците кои заглавиле овој пат на виенскиот аеродром реагираат што завчера вечерта немало кој да им помогне и да ги организира, па дури по чекање подолго од четири часа, биле сместени во хотел, а оние што имале престој во Виена биле испратени дома. (С.М.) #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika