Вести

  • |

МИА, 10.07.2010


Почна штрајкот на дел од вработените во „Кроациа ерлајнс“


Загреб, 9 јули 2010 (МИА) - Членовите на синдикатот „Кроациа ерлајнс“ утрово стапија во штрајк, поради кој се откажани третина од летовите на хрватската авиокомпанија.

Поради штрајкот, кој би требало да трае четири дена, најавено е откажување на 33 од вкупно 96 летови, а од компанијата тврдат дека на сите оштетени патници ќе им биде надоместена штета. Потпретседателот на синдикатот Хрвоје Хумек изјави дека во штрајкот учествуваат сите, освен 20 отсто од стјуардесите и стјуардите на „Кроација ерлајнс“ кои имаат законска обврска да работат и за време на штрајкот, за да се одржи минимален процес на работа. Управата на авиокомпанијата проценува дека со оглед на букингот за наредните четири дена, кој во моментот изнесува 25.000 до 30.000 патници, директната штета поради штрајкот изнесува милион долари дневно.

Синдикалците сметаат дека тоа не е точно, оценувајќи дека компанијата, толку да заработува, не би била во загуба. „Кроациа ерлајнс“ само во првиот квартал во 2010 забележала загуби од над сто милиони куни (13,91 милиони евра), што е над 50 отсто загуби од целата мината година, тврдат во синдикатот.

Претставници на синдикатот наведуваат дека биле принудени да организираат штрајк бидејќи со управата безуспешно преговараат за условите за потпишување колективен договор од крајот на минатата година. Тие истакнуваат дека не бараат зголемување на платите, туку само почитување на своите права од нематеријална природа, пропишани со Законот за работни односи. нд/13:42

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika