Вести

  • |

МИА, 21.07.2010


По ракетирање на меѓународниот аеродром во Кабул, авионот на Бан Ки-мун упатен кон американска база Баграм во Авганистан


Кабул, 20 јули 2010 (МИА) - Ракетен напад врз меѓународниот аеродром во Кабул е причина авионот, со кој патуваа генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд, да се преупати и да слета во американската воена база Баграм, место во авганистанската престолнина, соопштија германските медиуми, повикувајќи се на блогот на шведскиот министер. Двајцата политичари патуваа заедно за да учествуваат на меѓународната донаторска конференција во Кабул. Од Баграм за Кабул патот го продолжија со хеликоптер. Авионот на данската министерка за надворешни работи Лене Есперсен, исто така, не можеше да се приземји на аеродромот во Кабул и беше упатен кон соседен Казахстан, соопштија данските медиуми. Есперсен планираше да оддржи говор на конференцијата за правата на жените во Авганистан. сд/10:47

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika