Вести

  • |

Алфа ТВ, 07.07.2010


Прв лет на експерименталниот авион на соларен погон


Експерименталниот авион на соларен погон „солар импулс“ полета утрово од една воена база во Швајцарија на пробен лет кој би требало да трае 25 часа - ден и ноќ. Авионот што го проектираше швајцарскиот истражувач Бертран Пикар полета рано утринава со брзина од 35 километри на час од базата во Пејерн, на западот на Швајцарија.

Пикар, првиот човек кој во балон го прелета цел свет без спуштање, изјави дека целта на експериментот е „лет без гориво“.- Целта е да покажеме дека можеме да бидеме многу помалку зависни од фосилните горива отколку што вообичаено се верува, појасни тој.„Солар импулс“ како единствен извор на енергија има околу 12.000 фото келии распоредени на целата површина на крилата, а тие напојуваат четири електромотори од кои секој има десет коњски сили.

Авионот би требало да лета на висина над 8.500 метри, а контролата на земјата по 13 часа лет ќе одлучи дали летот ќе продолжи и ноќе. Седум години работа беше потребно да се направи солар импулс кој има распон на крила како ербас А340 - 63,40 метри - а тежок е само 1.600 килограми.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika