Вести

  • |

МИА, 30.07.2010


Руските специјални сили спречија киднапирање на авион на московскиот аеродром


Москва, 29 јули 2010 (МИА) - Руските специјални сили спречија денеска киднапирање на еден патнички авион на московскиот аеродром „Домодедово“, изјави портпаролот на аеродромот Јелена Галанова.

Според податоците на руското Министерство за внатрешни работи во текот на операцијата сите патници се ослободени и во инцидентот нема повредени лица. Напаѓачот е неутрализиран, приведен и во моментов е на сослушување, изјави претставник на Министерството и додаде дека е утврдено оти е жител на градот Минералние Води и е роден 1970 година.

Тој истакна дека авионот на компанијата „Кавминвода авија“ од Минералние Води слетал на „Домодедово“. На командирот на екипажот во текот на летот му се обратил еден од патниците, кој соопштил дека има вредна информација за полициско-правосудните органи. По приземјувањето авионот со патниците е паркиран на резервна позиција, при што патникот барал да се сретне со претставници на силите за безбедност и на медиумите. По одредено време на еден од патниците му се слошило и напаѓачот дозволил лекарите да влезат во авионот, но влегле оперативци маскирани како лекари, кои го неутрализирале напаѓачот. ац/18:45

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika