Вести

  • |

МРТ, 09.07.2010


Руските шпиони депортирани во Русија


Десетте руски агенти кои ја признаа вината на суд во Њујорк во рамките на договорот за размена на шпиони меѓу САД и Русија, синоќа полетаа од аеродромот Ла Гуардиа, со авион на „Вирџин ерлајнс“, за Москва, пренесува ABC News. Вирџин eрлајнс, водечкиот чартер авиопревозник во САД, полета за Москва од Ла Гуардиа синоќа околу 22 часот по локално време.

Во авионот се и американски припадници на службата за безбедност кои ги пратат сите меѓународни летови за САД. Со овој договор, од Русија ќе бидат ослободени четири затвореници осудени поради шпионирање за САД, Велика Британија и други западни земји.

Во Вашингтон јавниот обвинител Ерик Холдер изјави дека никој од десетте обвинети не пренел доверливи информации, па со тоа не се обвинети за шпионажа. „Тие делувале како агенти на странска сила“ изјави Холдер за CBS News, додавајќи дека сите нивни деца се вратени во татковината.

Меѓу десетте уапсени руски агенти, биле четири брачни пара, со седум деца. Според договорот за признавање на вината, обвинетите го открија својот прав идентитет. Судот им го одзеде имотот поврзан со кривични дела, соопшти американското министерство за правда.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika