Вести

  • |

МИА, 28.07.2010


Се уште не е позната причината за авионската несреќа во Пакистан


Исламабад, 28 јули 2010 (МИА) - Се уште не е позната причината за денешната авионска несреќа крај Исламабад, изјави претставник на пакистанските власти. -

Авион Ербас 321 кој летал од Карачи изгубил контакт со контролната кула по преземање мерки за слетување, по што се урнал, изјави Первез Џорџ од пакистанската авијациска администрација. Непотврдено е дека има неколку преживеани од 152-та патници во авионот. Од тој тип авиони, кои почнале да се произведуваат во 1988 година, продадени се околу 4.000 во светот.

Дваесет и еден од нив се урнале досега, а најмногу загинале превезувајќи се со таков Ербас, во авионска несреќа во близина на Сао Паоло во 2007 година - 187 луѓе во авионот и 12 на земја. Последната голема авионска несреќа во Пакистан се случи во јули 2006 година кога се урна Фокер во близина на градот Мултан при што загинаа сите 45 луѓе во авионот. зш/10:11

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika