Вести

  • |

МРТ, 09.07.2010


Стјуардесите ќе ја приземјат „Кроација Ерлајнс“ на 4 дена


По пропаднатите преговори со управата на „Кроација Ерлајнс“ (Croatia Airlines) за колективниот договор, членовите на Синдикатот на кабинскиот персонал од утрово почнуваат да штрајкуваат.

Синдикатот најави дека ќе штрајкува до 13 јули , или четири дена а за овој настан известена е и премиерката на Хрватска Јадранка Косор, како претставник на „Кроација Ерлајнс„ компанија сопственост на владата, пренесе хрватската новинска агенција Хина. Во текот на преговорите со управата на авиокомпанијата, синдикатот отстапи од многу свои барања.

Свесни за тешката економска состојба во земјата и светот се согласија на намалување на платите од пет отсто, намалување на додатокот за ноќна работа и значајно кратење на додатокот за превоз. Синдикатот бара за измените и распределбата на работни должности да биде известуван во склад со Законот за работа, седум дена порано, но и одморите да им бидат регулирани според законот.

Покрај незадоволните вработени, „Кроација Ерлајнс“ веќе извесно време работи со загуба. Синдикатот брои 170 члена, а во штрајкот ќе учествуваат само 20 отсто од вкупниот број.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika