Вести

  • |

Утрински весник, 28.07.2010


ТАВ ќе отпушти 250 доброволци со испратнина?


Место пет години да не' бркаат од работа, како што стои и во купопродажниот договор со Владата, менаџерите од ТАВ до вчера го очекувале списокот на вработени, кои сами се пријавуваат како технолошки вишок, пренесуваат некои домашни медиуми.

Според нивни извори, станува збор за пакет што ТАВ им го понудил на вработените, особено на оние пред пензија, при што компанијата се обврзува да им исплатува по 40 отсто од месечната брут- плата во наредните шест години. Моментно има околу осумдесет пријавени вработени, дел од скопскиот аеродром, дел од охридскиот.

Менаџерите не одговорат зошто го прават ова, иако, според нив, на аеродромите нема превработеност. Според неофицијални информации, како што се пренесува, тоа се правело според некоја студија на ТАВ уште пред да се преземат аеродромите. Според неа, од 600 вработени на скопскиот аеродром требало да има најмногу 400, а на охридскиот од 145 вработени треба да останат максимум 90. #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika