Вести

  • |

МИА, 12.07.2010


Тројца Британци добија по најмалку 20 години затвор за заговор за соборување авиони


Лондон, 12 јули 2010 (МИА) - Тројца британски муслимани добија по најмалку 20 години затвор за учество во заговор со цел соборување авиони кои од Лондон пред четири години превезувале патници кон САД и Канада.

Осудените се 25-годишниот Ибрахим Савант, 29-годишниот Арафат Вахед Хан и 26-годишниот Вахед Заман. Тие планирале да убијат потенцијално голем број мажи, жени и деца, изјави судијата на процесот.

Тројцата беа осудени минатата седмица за учество во група, уапсена во август 2006 година, која планирана да собори авиони кои летале за САД и Канада, со течен експлозив, скриен во шишиња. Пресудите беа произнесени по три судски процеси, кои траеа четири години.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika