Вести

  • |

МИА, 20.07.2010


„Цесна“ се запали при слетување на хрватскиот остров Брач, нема настрадани


Загреб, 16 јули 2010 (МИА) - Авион „Цесна“ на приватна српска авиокомпанија „Принц авиејшн“ се запали синоќа при приземјувањето на аеродромот во хрватскиот остров Брач, пренесоа агенциите.

При слетувањето двомоторниот авион на српскиот авиопревозник излета од пистата, се удри во оградата од аеродромот и се запали. Тројцата членови на екипажот и двајцата патници не се повредени.

Пожарот набрзо е изгаснат. Во Брач пристигна екипа експерти на српските воздухопловни власти, кои ќе ги испитуваат причините за инцидентот. Авионот полетал од меѓународниот аеродром во албанскиот главен град Тирана, соопштуваат хрватските медиуми.сд/7:18

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika