Вести

  • |

МРТ, 10.07.2010


Штрајкот во „Кроација Ерлајнс“ погоди 24 000 патници


Штрајкот на Синдикатот на кабинскиот персонал на авиокопанијата Кроација Ерлајнс, кој започна изутрината ќе погоди 24 000 патници, соопшти компанијата.

Поради штрајкот кој треба да трае до 13 јули Кроација денеска ги откажа сите летови за Виена, Подгорица, Приштина, Задар и Пула. И покрај штрајкот, денеска од Загреб полетаа авионите за Цирих, Копенхаген, Лондон, Франкфурт, Амстердам, Париз, Брисел и Минхен.

Исто така остварени се и летовите од Сплит и Дубровник, Сараево, Скопје до Загреб. Штетата која настанува поради откажување на летовите и оперативните проблеми кои се јавуваат, изнесува 29 милиони куни за четири дена, стои во соопштението. Компанијата ги објавува планираните летови за време на штрајкот на веб страницата www.croatiaairlines.com.

Кабинскиот персонал на хрватската државна авиокомпанија стапи во штрајк по пропаѓањето на преговорите за постигнување на колективен договор, откако се согласија на намалување на платите за пет отсто и значително кратење на додатокот за ноќна работа и за превоз.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika