Вести

  • |

МРТ, 15.07.2010


Штрајк на контролорите на летање кај јужниот сосед на Република Македонија


Контролорите на летање кај нашиот јужен сосед денеска ќе стапат во четиричасовен штрајк во знак на протест против планираната пензиска реформа.

Воздушниот простор на јужниот сосед на Република Македонија поради штрајкот ќе биде затворен од 11 до 15 часот, а домашниот авиопревозник Олимпик ервејс, откажа најмалку 14 летови, претежно до островите. Штрајкот на контролорите на летање, кои минатиот четврток ја прекинаа работата, приклучувајќи му се на генералниот штрајк кај јужниот сосед на Република Македонија, доаѓа во време на кулминација на туристичката сезона.

Јужниот сосед на Република Македонија во замена за заеми од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за справување со финансиската криза, започна низа драстични реформи, вклучувајќи ја и реформата на пензискиот систем, која предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 60 на 65 години.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika