Вести

  • |

Алфа ТВ, 21.07.2010


Штрајк на француските контролори на летови


Поради штрајк на контролорите на летање во Франција, денеска се откажани голем број летови на двата аеродроми во главниот град Париз, јави Дојче Веле на македонски јазик.

Според првичните проценки, поради штрајкот кој започна ноќеска на полноќ, намален е обемот на летови за 20 проценти на аеродромот Шарл Де Гол и за 50 отсто на Орли.

Протестот треба да трае до утре изутрина.Синдикатот на контролорите на летови штрајкува поради планот за обединување на европскиот воздушен простор, со што би требало да се обезбеди поголема ефикасност во контролата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika