Вести

  • |

МИА, 28.08.2010


Авион на НАТО превезува 100 тони хуманитарна помош за Пакистан


Брисел, 27 август 2010 (МИА) - Транспортниот авион „Антонов 124“ вечерва од Лајпциг ќе полета за Пакистан со цел да превезе 100 тони хуманитарна помош за земјата, која беше погодена од катастрофални поплави. Помошта се состои од генератори и резервоари за свежа вода, донирани од Германија, како и детска храна која е обезбедена од хуманитарните организации. Учеството на авионот е дел од придонесот на Германија во рамки на подготвеноста што ја изрази НАТО да обезбеди воздушни средства за транспорт на хуманитарната помош за Пакистан. НАТО соопшти дека до крајот на семицата авион од силите за рано воздушно предупредување ќе полета од Германија со цел да транспортира дополнителни 16 тони хуманитарна помош за Пакистан. НАТО и во изминатиот месец се ангажира да обезбеди воздушен транспорт за пренесување на хуманитарна помош за настраданите во големите поплави во Пакистан. аа/ац/18:22

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika