Вести

  • |

МИА, 09.08.2010


„Блиц“: Српските министри патуваат со комерцијални летови поради застареност на владиниот авион


Белград, 9 август 2010 (МИА) - Српскиот владин авион „Фалкон“ лета веќе 30 години и поради тоа министрите претпочитаат да патуваат со патнички авиони, објави денеска белградскиот дневен весник „Блиц“.

Весникот наведува дека подолго време се планира купување на нов владин авион но оти за тоа нема пари. Минатата недела пред полетувањето на министерот за одбрана Драган Шутановиц за Багдад авионот морал да оди на поправка.

Државниот авион најмногу го користат претседателот Борис Тадиќ и министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ. Спореед проценките на експертите владиниот авион требало да биде заменет пред 10 години. ми/12:34

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika