Вести

  • |

Алфа ТВ, 17.08.2010


Борбен авион се урна близу иранската нуклеарка - нема жртви


Ирански борбен авион од типот F4 се урна во јужниот дел од земјата, во близина на нуклеарната електрана што наскоро треба да почне со работа - информираат локалните медиуми.Пилотот и копилотот успеале да се катапултираат од леталото пред тоа да се урне и сместени се во болница.Инцидентот се случил околу 10 часот утринава, по локално време, на шест километри од Бушер - пренесува Бета.Причините за несреќата се уште не се познати.Иранската војска поседува американски борбени авиони од типот F4, набавени уште пред Исламската револуција од 1979 година.Нуклеарната електрана во Бушер, прва во Иран, што се гради во соработка со Русија, би требало в сабота да почне со работа.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika