Вести

  • |

МИА, 28.08.2010


Бритиш Ервејз се извини за „страшната“ порака емитувана во авионот на летот за Хонг Конг


Лондон, 27 август 2010 (МИА) - Британската авиокомпанија "Бритиш Ервејз" денеска се извини за инцидентот со "страшната" лажна порака емитувана во нејзиниот авион Боинг 747 на летот меѓу Лондон и Хонг Конг, што предизвика паника меѓу патниците, јави дописникот на МИА од Лондон. Во објаснувањето се вели дека дошло до автоматско емитување на пораката во кабината на авионот, по грешка на компјутерот во леталото. "Бритиш Ервејз" ги уверува сите дека немало никакви проблеми во текот на летот до Хонг Конг, поради кои авионот морал присилно да слета. Инцидентот се случил изминатата седмица, кога на половина пат, патниците наеднаш преку разгласната мрежа во авионот биле известени дека треба да се подготват за присилно слетување во вода. Настанала паника меѓу патниците, иако екипажот на авионот веднаш ги известил дека пораката што ја слушаат не е точна и дека нема никакви проблеми со авионот. Ситуацијата во авионската кабина се смирила дури откако патниците забележале дека летот продолжува и дека ништо вонредно не се случува. ти/аа/16:21

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika