Вести

  • |

МИА, 06.08.2010


Во Сибир се урна авион на руското воено воздухопловство


Москва, 6 август 2010 (МИА) - Во сибирскиот Забајкалски крај денеска се урна авион Су-25 УБ на руското воено воздухопловство, пренесоа руските медиуми. -Екипажот успешно се катапултирал од авионот, а состојбата на пилотите е задоволувачка, соопшти потполковник Владимир Дрик, портпарол на руските Военовоздушни сили.

Машината се урнала за време на рутински лет. Нема жртви и разурнувања на земјата. Хеликоптер ги открил авионот и екипажот, а на местото на несреќата е испратена спасувачка екипа. -Специјална комисија на Министерството за одбрана и Главниот штаб на ВВС го истражува инцидентот, додаде портпаролот Дрик.

Според Забајкалскиот центар за опслужување на воздушните движења, авионот експлодирал на височина од околу 300 метри и паднал во близина на населено место, на неколку стотини метро од станбени згради. Су-25 УБ е школско-борбен авион од 80-те години на минатиот век. Досега се произведени околу 300 вакви машини, дополнуваат медиумите во Русија. сд/9:02

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika