Вести

  • |

МИА, 03.08.2010


Дванаесет лица загинаа во авионска несреќа во Русија


Москва, 3 август 2010 (МИА) - Дванаесет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во авионска несреќа во рускиот регион Краснојарск, откако и единствениот преживеан патник почина во болница, како последица на здобиените повреди.

Во болница остануваат тројцата членови на екипажот - главниот пилот, копилотот и авионскиот механичар. Патничкиот авион Ан-25 со 15 патници и членови на екипажот, се урна синоќа при слетувањето на аеродромот во градот Игарка во Краснојарск. Авионот на компанијата „Катекавија“ сообраќал на релација Краснојарск - Игарка. Во моментот на слетувањето авионот се навалил надесно и се урнал на 700 метри од пистата во Игарка, по што експлодирал.

Руската Федерација за воздухопловство соопшти дека за време на инцидентот врнело дожд, но оти метеоролошките услови не биле ризични за да се изведе слетувањето. ац/7:41

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika