Вести

  • |

Дневник, 15.08.2010


Двајца скопјани повредени по пад на спортски авион на Стенковец


Скопје, 14 август 2010 (МИА) - На спортскиот аеродром Стенковец во близина на Скопје денеска околу 12 часот и 20 минути се урнал спортски авион при што се повредени двајца скопјани, потврди Министерството за внатрешни работи. Леталото се урнало откако со едното крило удрило во насип. Во него биле Н.А. (57) и А.З. (околу 30 години) кои биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Според првичните и неофицијални информации, причина за инцидентот била откажување на мотор на авионот, кој бил сопственост на здружението „Метаморфоза“ од Скопје. Комисија од Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба ќе направи увид на местото на настанот за да ги утврди причините за падот на леталото. хс/ 17:53

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika